Хотел Молика – Совршено место за средба со едно од најубавите годишни времиња
Прошетајте и Вие по конфетите од жолти лисја и уживајте во нашата есенска идила, да Ви се згрее душата
Хотел “Молика” претставува бисер на Пелистер. Едно од ретките места каде човек може да ја почувствува недопрената природа, да се одмори од секојдневието и да ужива во беспрекорната услуга на персоналот. Хотелот работи со “полна пареа” преку цела година и за него не важат “класичните” сезони.
Хотел “Молика” располага со ресторан со добро опремена професионална кујна која што секогаш е подготвена професионално да излезе во пресрет на сите барања и желби од страна на гостите, со можност да уживаат во врвните мајстории на гастрономите кои подготвуваат секакви видови специјалитети од националната и интернационалната кујна.