Хотел Молика – Совршено место за средба со едно од најубавите годишни времиња
Прошетајте и Вие по конфетите од жолти лисја и уживајте во нашата есенска идила, да Ви се згрее душата
Хотел “Молика” на Пелистер е едно од ретките места каде човек може да ја почувствува недопрената природа, да се одмори од секојдневието и да ужива во беспрекорната услуга на персоналот. Хотелот работи со “полна пареа” преку цела година и за него не важат “класичните” сезони.
Хотел “Молика” располага со ресторан со добро опремена професионална кујна која што секогаш е подготвена професионално да излезе во пресрет на сите барања и желби од страна на гостите, со можност да уживаат во врвните мајстории на гастрономите кои подготвуваат секакви видови специјалитети од националната и интернационалната кујна.